наши активности
СКОПСКО со инвестиција во Националниот парк Шар Планина
10.11.2025
Активности
Заедно се грижиме за нашите планини
Сите уживаме во нашите природни убавини. Но нашата љубов кон нив се зацврстува преку конкретни дела што ги оставаат подобри за идните генерации.
Токму затоа, преку платформата за општествена одговорност на Скопско, „Наша гордост, наша одговорност“, и оваа година ја продолживме мисијата за заштита и унапредување на природните убавини во нашата земја, со посебен фокус на планините.
На почетокот на годината потпишавме меморандум за соработка со ЈП Национален парк „Шар Планина“,со цел реализирање на заеднички активности кои ќе придонесат кон одржливоуправување, заштита и развој на ова исклучително природно богатство.
Во рамки на соработката, изминатите месеци организиравме неколку чистачки акции, каде заедно со повеќе од 100 волонтери, на кои сме им многу благодарни, успеавме да ги разубавиме пределите на Шара.
Во овој период сме фокусирани на инвестицијата на Шар Планина и во соработка со Националниот Парк се поставени:
· нови информативни еко-табли, изработени од суво смрчево дрво од Јелак, искористено на одржлив начин, без сечење здрави дрвја
· маси и клупи на најпосетените локации во Националниот парк Шар Планина
Овие иницијативи се дел од пошироката заложба на Скопско за одговорно користење на природните ресурси, заштита на планинските еко системи и подобрување на искуството на посетителите.
Нашите природни богатства се наша гордост но и наша одговорност и заедно треба да се грижиме за нив.

























.jpg)