НАША ГОРДОСТ.
НАША ОДГОВОРНОСТ.

Дали си полнолетно лице ?

Месец
Година
НЕВАЛИДНА ДАТА НА РАЃАЊЕ, ВНЕСИ ВАЛИДНА ДАТА НА РАЃАЊЕ

За да ја отворите содржихата треба да имате најмалку 18 години.

Страната содржи информации за алкохолни производи кои се наменети за полнолетни лица.
За да продолжите понатаму внесете ги потребните податоци.

НАША гордост.
наша одговорност.

НАША гордост.
наша одговорност.

НАША гордост.
наша одговорност.

Македонија е во првите 10 најпланински земји во светот. Ова ги прави планините едно од најголемите природни богатства што ги имаме. Со своите бескрајни шуми, чист воздух и неверојатни пејзажи, тие нудат бегство од секојдневниот стрес и се дом на многубројни растителни и животински видови, кои не постојат никаде на друго место.

Но, зад оваа природна убавина се кријат многу проблеми создадени од нашата неодговорност.

Ако сакаме да уживаме во нивната убавина и да ги оставиме за идните генерации, време е да преземеме одговорност. Нашите планини заслужуваат заедно да се грижиме за нив.

Водно, планината што го краси Скопје, нуди совршено бегство од урбаниот живот. Поради близината, Водно е идеално место за рекреација и релаксација. Таа изобилува со многубројни спектакуларни места за набљудување и природни убавини. Планината е богата со разновидни животински и растителни видови и е особено важна за климата во градот давајќи чист воздух и зелени површини.

Затоа секој посетител треба да биде свесен за важноста на зачувување на ова природно богатство. За да се зачува Водно за идните генерации важно е да се почитуваат правилата за заштита на природата, да се собира отпадот и да се избегнува уништување на растителниот и животински свет. Локалните власти и еколошките организации континуирано работат на подобрување на инфраструктурата и на развивање на одржливиот туризам.

Грижата за Водно е одговорност на секој посетител. Само со заеднички напори можеме да ги зачуваме нашите природни богатства и убавини.

Шар Планина, со своите величествени врвови и беспрекорна природа, е една од најубавите планини во Македонија. Сместена на границата меѓу Македонија, Албанија и Косово, оваа планина не е само рај за планинарите, туку е и дом на многу ретки растителни и животински видови, некои од нив ендемски.

Шар Планина е позната по своите неверојатни предели – зелени ливади, чисти потоци и планински врвови што се издигаат повисоко од 2.000 метри надморска висина. Тука се наоѓа и Националниот парк „Шар Планина“, кој е прогласен за природен резерват и заштитена област.

Освен природните убавини, Шар Планина има и културна вредност. Местата околу неа се полни со традиционални македонски села, во кои се чуваат старите обичаи и традицијата на повеќе култури и народи.

Шар Планина е повеќе од само планина – тоа е природен споменик што треба да го чуваме и почитуваме.

Сѐ ова е наше дело!

НАША ПЛАТФОРМА

Ја создадовме оваа платформа за да алармираме на проблемот со неодговорното одложување на отпадот во прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да им оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и заедно да поттикнеме акција за тие да блеснат во сиот свој сјај.

НАША
мисија

ГРИЖА, ЕДУКАЦИЈА, АКЦИЈА!
Нашата крајна цел се природни убавини ослободени од отпад, едуцирана јавност која знае како да ги заштити и да се грижи за нив и заедничка акција за сето тоа да се оствари.
Затоа што, НАШАТА ГОРДОСТ Е НАША ОДГОВОРНОСТ.

НАШИ АКtивности

Ова се нашите дела, создадени заедно со Вас!

Сите уживаме во нашите природни убавини. Но нашата љубов кон нив се зацврстува преку конкретни дела што ги оставаат подобри за идните генерации.

Токму затоа, преку платформата за општествена одговорност на Скопско, „Наша гордост, наша одговорност“, и оваа година ја продолживме мисијата за заштита и унапредување на природните убавини во нашата земја, со посебен фокус на планините.

На почетокот на годината потпишавме меморандум за соработка со ЈП Национален парк „Шар Планина“,со цел реализирање на заеднички активности кои ќе придонесат кон одржливоуправување, заштита и развој на ова исклучително природно богатство.

Во рамки на соработката, изминатите месеци организиравме неколку чистачки акции, каде заедно со повеќе од 100 волонтери, на кои сме им многу благодарни, успеавме да ги разубавиме пределите на Шара.

Во овој период сме фокусирани на инвестицијата на Шар Планина и во соработка со Националниот Парк се поставени:

·        нови информативни еко-табли, изработени од суво смрчево дрво од Јелак, искористено на одржлив начин, без сечење здрави дрвја

·        маси и клупи на најпосетените локации во Националниот парк Шар Планина

Овие иницијативи се дел од пошироката заложба на Скопско за одговорно користење на природните ресурси, заштита на планинските еко системи и подобрување на искуството на посетителите.

Нашите природни богатства се наша гордост но и наша одговорност и заедно треба да се грижиме за нив.

СКОПСКО со инвестиција во Националниот парк Шар Планина

10.11.2025

Активности

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Скопско, во соработка со Grizzly Guardians, на 18.10.2025 реализираше уште една успешна еко-акција во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.

 

И покрај непредвидливите временски услови, 65 ентузијасти и љубители на природата одговорија на повикот и собраа приближно 1000 килограми отпад на едно од најпосетуваните планински подрачја планината Козјак. Со оваа акција испраќаме јасна порака, планините не можат сами да се одбранат, потребна им е нашата грижа и љубов.

 

СКОПСКО останува посветено на оваа мисија, чекор по чекор, акција по акција, и сите што веруваат дека вистинската промена започнува од нас самите.   

Скопско еко-акција на Козјак

28.10.2025

Активности

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во рамки на својата општествено одговорна кампања „Наша гордост, наша одговорност“, СКОПСКО и оваа година продолжува да ги мотивира потрошувачите на одговорно однесување и селектирање на отпадот. Во соработка со Пакомак и компанијата за производство на алуминиум Ball Corporation, од 15 август стартува иницијативата за дополнителни поени за секоја селектирана СКОПСКО и СКОПСКО Smooth лименка.


Преку апликацијата „Екомак“, во период од 15 август, потрошувачите ќе добиваат 5 зелени поени за секоја селектирана лименка.

Целта на иницијативата е едноставна – да ги поттикнеме луѓето да прават мали, но значајни чекори за почиста и поздравa животна средина. Секоја селектирана лименка придонесува кон поголемата цел на платформата, која оваа година ја започна новата фаза од циклусот на инвестиции за зачувување на природата, чистење, уредување и подобрување на инфраструктурата на планините, со фокус на Шар Планина.

Сите активности во рамки на платформата „Наша гордост, наша одговорност“ покажуваат дека СКОПСКО постојано се грижи за природата и нашите природни убавини. Потрошувачите преку своето учество стануваат дел од конкретни акции за чистење, уредување и зачувување на планините, создавајќи поздраво и побезбедно опкружување за сите нас.

Селектирај, учествувај и придонеси за планините – тоа е круг на одговорност што почнува од нас.

СКОПСКО и ова лето со зелена иницијатива!

11.9.2025

Активности

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

НАСКОРО...

види ги сите

Дали знаеш дека?

Македонија е на седмо место од првите 10

најпланински земји во светот.

85,5 %

од територијата на Македонија е покриена со планини.

Планините се дом на уникатен растителен и животински свет и поддржуваат половина од светските жаришта на биодиверзитетот.

ПОМИНУВАЊЕТО ВРЕМЕ НА ПЛАНИНА ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ, ГО ПОДОБРУВА РАСПОЛОЖЕНИЕТО И ЈА ЗАСИЛУВА ФИЗИЧКАТА БЛАГОСОСТОЈБА.

неправилното одложување на отпадот предизвикува последици за целиот екосистем.

МАТЕРИЈАЛИ - ПОТРЕБНО ВРЕМЕ ЗА РАСПАЃАЊЕ

ЗЕЛЕНЧУК

ОД 5 ДЕНА ДО 1 МЕСЕЦ

КОЖНИ ЧЕВЛИ

ОД 25 ДО 40

ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

100 ГОДИНИ

ПЕЛЕНИ

НАД 500 ГОДИНИ

ПЛАСТИЧНО КАПАЧЕ

ОД 10 ДО 500 ГОДИНИ

КАРТОН

2 МЕСЕЦИ

БАТЕРИИ

НАД 100 ГОДИНИ

ИВЕРКА

ОД 1 ДО 3 ГОДИНИ

ОТПУШОК ОД ЦИГАРИ

ОД 2 ДО 10 ГОДИНИ

ХАРТИЕНИ МАРАМИЦИ

ОД 2 ДО 4 НЕДЕЛИ

ВЛОШКИ И ТАМПОНИ

НАД 25 ГОДИНИ

СИНТЕТИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ

НАД 100 ГОДИНИ

АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ

2000 ГОДИНИ

ПЛАСТИЧНА ЦЕВКА

200 ГОДИНИ

БОЦА ОД ДЕЗОДОРАНС

ОД 200 ДО 500 ГОДИНИ

ХАРТИЈА

ОД 2 ДО 6 НЕДЕЛИ

ВОЛНЕНИ ЧОРАПИ

ОД 1 ДО 5 ГОДИНИ

ПЛАСТИЧНА ЌЕСА

ОД 500 ДО 1000 ГОДИНИ

СТАКЛО

ПОВЕЌЕ ОД 1 000 000 ГОДИНИ

ПАМУЧНА МАИЦА

½ ГОДИНА

ЛИМЕНКА

ОД 80 ДО 100 ГОДИНИ

КОНЗЕРВА

50 ГОДИНИ

ПЛАСТИЧНО ШИШЕ

ОД 450 ДО 500 ГОДИНИ

КАКО ДО ПРомЕНА?

Со мали промени во нашето однесување и дејствување, може да направиме голема разлика!
ИНФОРМИРАЈ СЕ, ЕДУЦИРАЈ СЕ И ДЕЈСТВУВАЈ!

откриј повеќе

сакам да се вклучам

Скопско продолжува посветено да се грижи за нашите природни убавини. Доколку и вие сакате да се вклучите во иницијативата и да станете СКОПСКО волонтер, пополнете го формуларот во продолжение и ние навремено ќе ве известиме за нашите следни активности.

КОНТАКТИРАЈ НЀ

ПАРТНЕРИ

СО КЛИКАЊЕ НА КОПЧЕТО “Прифати ги сите колачиња”, СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ на КОЛАЧИЊА И ПОЛИТИКАТА нА приватност.