ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Со оваа веб страница www.skopsko.mk раководи Пивара Скопје АД, дел од Групацијата Coca –Cola Hellenic и HEINEKEN N.V., со седиште во Скопје, Република Северна Македонија, на ул. 808 бр.12, Скопје 1000.
Сите упатувања до‘нашите, ‘нас’, ‘ние’, или ‘компанијата’ во рамките на оваа политика и во рамките на известувањето за избор, се сметаат дека се однесуваат на Пивара Скопје, како што е соодветно.
Пивара Скопје е посветена на заштита на приватноста на сите посетители на www.skopsko.mk и заштита на сите лични податоци кои можете да ги доставите до нас.
Ова Известување за приватност и колачиња има за цел да Ви помогне да разберете како постапуваме со личните податоци кои ги добиваме од Вас. Со тоа што обезбедувате лични податоци до нас, Вие го потврдувате Вашето прифаќање на нашето Известување за приватност и колачиња и се согласувате дека ние можеме да ги собираме, користиме и откриваме Вашите лични податоци како што е опишано во ова Известување за приватност и колачиња. Доколку не се согласувате со ова Известување, Ве молиме не ги доставувајте Вашите лични детали до нас.
Што се лични податоци?
Лични податоци се информации за поединец кој може да се идентификува, како што е дефинирано со применливиот закон, како што е името, е-меил и телефонскиот број.
Лични податоци кои ги собираме од Вас и употреба на собраните податоци
Може да ја посетите оваа веб-страница без да ни кажете кои сте или да откриете било какви информации за Вас. Нашите веб сервери ги собираат изворните IP адреси, за ИТ причини и Ви овозможуваат да се поврзете со нашата платформа со цел да ги обезбедиме нашите услуги за Вас, но не и е-адресите на посетителите. Покрај тоа, постојат делови од оваа веб страница каде треба да собираме Ваши лични податоци за одредена цел, како на пример да обезбедиме одредени информации кои сте гипобарале.
Ние го правиме ова преку употреба на онлајн формулари и секогаш кога ќе ни ги пратите по е-пошта Вашите детали. Ќе видите дека не е задолжително да доставите до нас дополнителни информации какви што бараме, затоа што не е неопходно или разумно со цел да ги обезбедиме до Вас услугите кои сте ги побарале.
Како ги заштитуваме Вашите лични податоци
Корисници на возраст од 18 години и помлади
Доколку сте на возраст од 18 години или сте помлади, побарајте дозвола од Вашиот родител или старател пред да ни обезбедите лични податоци. Корисниците без ваква согласност не смеат да ни обезбедат лични податоци.
Други веб-страници
Нашата веб-страница содржи линкови до други веб-страници кои се надвор од нашата контрола и не се покриени со ова Известување за приватност и колачиња. Доколку пристапите на други страници користејќи ги обезбедените линкови, операторите на тие страници може да соберат информации од Вас кои тие ќе ги користат во согласност со нивните Политики за приватност, кои може да се разликуваат од нашите. Не преземаме никаква одговорност или обврска за нивните политики или обработката на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме да ги прочитате известувањата за приватност и колачиња и правилата и условите на кои било поврзани, упатувани или веб-страници поврзани со интерфејс, на кои ќе влезете пред да поднесете лични податоци на веб-страниците на таквите трети страни.
Безбедност на собрани податоци и чување на податоци
Користиме строги физички, електронски и административни безбедносни мерки за заштита на Вашите податоци од пристап од страна на неовластени лица и против незаконска обработка, случајна загуба, уништување и оштетување и онлајн и офлајн. Ќе ги чуваме Вашите податоци колку што е потребно заради собирање и потоа ќе ги чуваме Вашите податоци сѐ додека тоа се бара со законот.
Пивара Скопје ги задржува личните податоци во формат за идентификација само за интервалот што е неопходен, идентификуван со целите на обработката за кои се собираат податоците.
Пивара Скопје не смее даги чува личните податоци подолго од потребното за да ги исполни идентификуваните законски деловни цели или онолку колку што се бара со важечкиот закон.
Пивара Скопје воспоставува период на задржување на лични податоци во согласност со релевантните закони и прописи како дел од евиденцијата за активности заобработка.
Пивара Скопје мора да ги оправда барањата за зачувување лични податоци за периоди подолги од максималниот период на задржување, согласно деловните и регулаторните побарувања, доколку тоа се бара.
Некои податоци мора да бидат зачувани со цел да се заштитат интересите на компанијата, да се зачуваат доказите и генерално да сообразуваат со добрите деловни практики. Некои причини за задржување на податоците вклучуваат:
• Судски спор
• Истрага за несреќи
• Истрага за безбедносни инциденти
• Регулаторни барања
• Зачувување на интелектуалната сопственост
Преносии откажувања преку интернет
Иако Пивара Скопје користи разумни мерки за заштита од вируси и други штетни компоненти, природата на интернетот е таква што е невозможно да се осигура дека Вашиот пристап до веб-страницата ќе биде непрекинат или без грешки, или дека таа веб-страница, нејзините сервери или е-пошта која може да ја испратиме ќе бидат без вируси или други штетни компоненти.
Контактирање со нас и Вашите права на пристап и ажурирање на Вашите лични податоци
Пристап до, ажурирање и бришење на податоци
Имате право на увид во личните податоци кои ги чуваме за Вас, може исто така да побарате од нас да ги направиме потребните промени за да осигураме дека се прецизни и за да бидат тековни или да ги избришеме личните податоци кои ги имаме за Вас. Може исто така да не информирате доколку би сакале да го ограничите обработувањето на податоци или за да се спротивставите на обработувањето на личните податоци кои ги имаме за Вас. Доколку сакате да го сторите тоа, контактирајте не со користење на деталите за контакт обезбедени во делот Контакт (contact.pivara.skopje@cchellenic.com или DataProtectionOffice@cchellenic.com). Исто така имате право да ги обезбедителичните податоци кои ги чуваме за Вас на друг давател на услуги по Ваш избор.
Повлекување на согласноста
Доколку побараме Ваша согласност за обработка на личните податоци кои ги имаме за Вас, може да ја повлечете Вашата согласност во секое време, без да влијае на законитоста на обработката врз основа на согласност пред повлекувањето. Доколку сакате да го сторите тоа, Ве молиме контактирајте со нас користејќи ги деталите за контакт обезбедени во делот Контакт подолу, на contact.pivara.skopje@cchellenic.com или на DataProtectionOffice@cchellenic.com.
Жалба
Имате право да поднесете жалба пред Националниот орган за заштита на податоци со испраќање на Вашето барање до Дирекцијата за заштита на личните податоци - https://www.dzlp.mk/
Контактирајте нѐ
Доколку имате некакви коментари, прашања или барања поврзани со нашето користење на Вашите лични податоци или какви било прашања во врска со ова Известување за приватност и колачиња, контактирајте нѐ нас користејќи ги следните е-меил адреси: contact.pivara.skopje@cchellenic.com или DataProtectionOffice@cchellenic.com. Со задоволство ги очекуваме Вашите прашања и кои било предлози кои може да ги имате за нашето Известување за приватност и колачиња.
За официјално остварување на вашите права во однос на вашите лични податоци што ги обработуваме, ве молиме, доставете барање до пристапот до следниот линк или контактирајте со нас користејќи ги следните е-меил адреси:
contact.pivara.skopje@cchellenic.com или DataProtectionOffice@cchellenic.com