наши активности

„Пивара Скопје“ потпиша меморандум за соработка со Националниот парк „Шар Планина“

17.4.2025

Активности

Платформата „Наша гордост, наша одговорност“

Македонија е доминантно планинска земја. Нашите високи врвови заземаат речиси 90 проценти од територијата и се нашето најголемо природно богатство.

Планините се наше прибежиште кога сакаме да побегнеме од градскиот метеж, да дишеме со полни гради и да уживаме во прекрасните глетки. Но, сè поретко успеваме да им возвратиме со грижа.

Токму затоа „Пивара Скопје“ и СКОПСКО преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“, ја продолжуваат мисијата за заштита на нашите природни убавини, овој пат со фокус на нашите планини.

Како дел од оваа платформа со гордост објавуваме дека потпишавме Меморандум за соработка со ЈП Национален парк „Шар Планина“ за заеднички активности, кои ќе придонесат за заштита и унапредување на ова непроценливо природно богатство.

Ќе спроведуваме акции за чистење, ќе ја подобриме инфраструктурата на рекреативните зони и заедно ќе работиме за зголемување на еколошката свест.

Дополнително, СКОПСКО изминативе месеци имаше кампања каде што со секое купено шише во стаклена амбалажа СКОПСКО или СКОПСКО SMOOTH со специјална етикета, се издвојуваше по 1 денар за поддршка на овие активности.

Ова не е само партнерство. Ова е повик. Повик да си ја преземеме одговорноста за тоа што е наше – за природата, за планините, за иднината.

Шар Планина е наша гордост. Да се погрижиме да остане и наша одговорност.

СО КЛИКАЊЕ НА КОПЧЕТО “Прифати ги сите колачиња”, СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ на КОЛАЧИЊА И ПОЛИТИКАТА нА приватност.