наши активности
ЕКОАКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИСЕЦ – ДЕЛ ОД ПЛАТФОРМАТА „НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСТ.“
9.5.2025
Активности
ЕКОАКЦИЈА НА СКОПСКО ЗА НАШИТЕ ПЛАНИНИ
СКОПСКО, во партнерство со Националниот парк „Шар Планина“ и со компанијата „Саубермахер“, на 7 мај 2025 година ја реализираше екоакцијата за чистење на излетничкото место Лисец на Попова Шапка. Акцијата е дел од долгорочната платформа за општествена одговорност на СКОПСКО – „Наша гордост. Наша одговорност.“, преку која постојано ги поврзува природата и грижата за заедницата.
Во акцијата учествуваа 23 волонтери, кои заедно со вработените од Националниот парк и партнерите од „Саубермахер“, собраа цели 1.300 килограми отпад – резултат, кој не само што говори за посветеноста на учесниците, туку и за важноста од заедничка акција за заштита на нашите планини.
Овој ангажман претставува симбол на колективната свест, одговорност и љубов кон природата. Со секој килограм отпад помалку, чекориме поблиску до иднина во која планините ќе останат чисти и инспиративни – токму какви што заслужуваат да бидат.
Преку вакви иницијативи, СКОПСКО уште еднаш докажува дека вистинските вредности не се само во вкусот, туку и во делата. СКОПСКО не само што ја подигнува свеста за еколошките предизвици, туку и активно се вклучува во нивното решавање.
Оваа акција е само еден од многуте чекори што ќе следуваат во рамки на платформата за општествена одговорност на СКОПСКО. Грижата за природните убавини е наша секојдневна обврска зошто тие се наша гордост, но и наша одговорност.