наши активности

ЕКО-ВИКЕНД ВО ОХРИД

21.8.2023

Активности

Волонтери од „Амфора“, „Акватек“ и „НЕ БИДИ ЃУБРЕ“ го чистеа дното и крајбрежјето на Охридското Езеро, поддржани од СКОПСКО

Нашата прва акција се одржа на 2 Декември, во Охрид. Таму, заедно со претставници од општините Охрид, Струга и Дебрца, членовите на Црвен Крст Охрид и нуркачите од @amforadiving и @divingcenterakvatek исчистивме 7 локации покрај езерото и во езерото, со вкупна површина од 100 000 м2 и собравме 30м3 отпад или посликовито, два полни камиони за ѓубре. Продолжуваме понатаму!

На 27 и 28 Мај, на две различни локации во Охрид, нуркачкиот центар „Амфора“, заедно со своите пријатели нуркачи од повеќе земји и волонтери од еко-организацијата „НЕ БИДИ ЃУБРЕ“ поддржани од нуркачкиот центар Акватек, го чистеа дното и брегот на Охридското Езеро од цврст отпад, во склоп на СКОПСКО платформата за чисти природни убавини, #НашаГордостНашаОдговорност!

Нуркачката акција на НЦ „Амфора“, со 28 нуркачи од неколку земји, се реализираше на подрачјето на манастирот св. Наум, каде тие извадија огромна количина на пластични шишиња, лименки, гуми, пластики, конзерви и секаков друг вид на цврст отпад.    

Од другата страна на езерото, покрај стариот пат Охрид-Струга т.е. во близина на реката Сатеска, која важи за еден од најголемите загадувачи на езерото, волонтери од НЕ БИДИ ЃУБРЕ, во соработка со „Акватек“, ја ослободија од цврст отпад 300 метри долгата плажа.

Сѐ на сѐ, беше исчистена вкупна површина од околу 33 000 м2 и беше собран отпад со вкупна зафатнина од 5 м3. 

Платформата #НашаГордостНашаОдговорност продолжува со уште акции и упатува апел до сите кои се залагаат за чисти природни објележја, да се приклучат преку пријава тука.

СО КЛИКАЊЕ НА КОПЧЕТО “Прифати ги сите колачиња”, СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ на КОЛАЧИЊА И ПОЛИТИКАТА нА приватност.