наши активности
И НА КОПНО, И ВО ВОДА
23.8.2023
Активности
Еко волонтери и нуркачки клубови го чистеа Охридското Езеро на две локации
Во рамки на долгорочната еко-платформа „Наша гордост, наша одговорност“, СКОПСКО, во соработка со волонтери од Пивара Скопје, компанијата Пакомак и општина Дебрца и општина Струга, организираа две акции за чистење, на две локации.
На 28 јули, организиравме акција на копно во охридското село Волино, кое се наоѓа на само 2км од Охридското Езеро. За време на акцијата наидовме на големи количини отпад, кои преку реката Сатеска се слеваат во езерото.
Следниот ден, на 29 јули, нуркачи од струшките нуркачки друштва „Скаут“, „Норкач“ и нашите партнери од „Амфора“, влегоа во водите на езерото кај село Радожда и извадија разновиден цврст отпад, кој беше соодветно сортиран и одложен.
Вкупно, беа собрани скоро 200 кеси отпад од најразличен вид, кој во иднина нема да ја нагрдува природата.
Но ова не значи дека нашите напори за чиста природа ќе престанат, туку напротив, ќе продолжиме и понатаму да даваме пример како се сакаат природните убавини, затоа што нашата гордост е наша одговорност.
Приклучи се и ти на csr.skopsko.mk/form.