наши активности
НОВИОТ РЕКЛАМЕН СПОТ НА СКОПСКО – ПРИКАЗНА РАСКАЖАНА ОД ТИЕ ШТО НAЈМНОГУ ЗНААТ ЗА ПЛАНИНИТЕ
4.4.2025
Активности

„Наша гордост, Наша одговорност“
Планините ни даваат многу – чист воздух, мир, прекрасна глетка и незаборавни моменти. Но, тоа што е поважно од нивната убавина е како се однесуваме кон нив.
Во новиот рекламен спот на Скопско, приказната не ја раскажуваме ние – туку тие што вистински ги познаваат, сакаат и чуваат нашите планини. Сите видеа што го сочинуваат овој спот се снимени од планинари, љубители на природата и од луѓе што редовно ги истражуваат нашите врвови, патеки и долини. Тоа се тие што не само што ги живеат најубавите моменти во природа, туку и се грижат за неа.

Нивната љубов и посветеност се пример за сите нас. Ако сите ја почитувавме природата како што го прават тоа тие, нашите планини ќе беа уште поубави, почисти и подостапни за сите. Затоа, со овој спот наздравуваме за нив – за луѓето што на планина зад себе оставаат само отпечатоци од чевли, а не отпадоци.
За овој спот ја одбравме песната „Зборувај за Скопје“ – нумера што совршено ја надополнува приказната за убавините на нашата земја. Со новиот аранжман, таа додава уште поголема емоција и атмосфера на видеата, истовремено поттикнувајќи нè повеќе да зборуваме за нашите природни богатства.
Во песната се пеe за Водно и за Шара – планини што заслужуваат да се слават, зачуваат и почитуваат. Нивната убавина и значење со оваа мелодија стануваат уште повпечатливи.
Со кампањата „Наша гордост, Наша одговорност“ , потсетуваме дека природата е наша заедничка одговорност. Од секое продадено Скопско и Скопско Smooth издвојуваме по еден денар за нашите планини, за да им вратиме барем дел од тоа што ни даваат.
Време е сите да станеме дел од оваа приказна. Да ги сакаме, чуваме и негуваме нашите планини – како што прават вистинските љубители на природата. И, секако, повеќе да зборуваме за Шара, за Водно и за убавините на нашата земја!