наши активности
НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСТ.
11.2.2023
Останато
Платформа за заштита и чистење на природните богатства
„Наша гордост. Наша одговорност.” е општествено одговорна платформа која се фокусира на животната средина и повисоката цел која СКОПСКО како бренд ја има – да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направат светот подобар.
Нова долгорочна платформа заопштествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.”, чија главна цел езаштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување, промовираше СКОПСКО, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на прес-конференцијата во Пивара Скопје посочи дека една од клучните мисии во заштитата на животната средина е воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад, со што еднаш засекогаш ќе се реши проблемот со расфрланиот смет низ државата и безбројните диви депонии што даваат грда слика за нашите природни и културни богатства.
– Од таа причина ние како Министерство сме отворени за соработка и за поддршка на сите оние што сакаат да се вклучат во тој процес, било со конкретни активности, било со акции за подигнување и градење на свеста дека отпадот има свое место, дека секоj отпад не е ѓубре и најголемиот дел има употребна вредност, а дека со градење на добри навики за постапување со отпадот придонесуваме за чиста животна средина, за зајакнување на економијата и најпосле и за заштита на сопственото здравје. - изјави Нуредини.
Генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ, истакна дека проектот целосно ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржливост согласно платформата „Свет без отпад до 2030 година“, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.
– Пивара Скопје е компанија со стогодишна традиција, но целосно посветена на иднината и на одржливиот развој. Преку силата на нашиот најпознат македонски бренд СКОПСКО, ја започнуваме долгорочната платформа, „Наша гордост. Наша одговорност.”, која се фокусира на животната средина и повисоката цел која СКОПСКО како бренд ја има – да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар, сите заедно. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја.- потенцираше Сладиќ.
„Наша гордост. Наша одговорност”, опфаќа повеке активности за чистење и заштита на Охридското Езеро, со целосна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак, општините Охрид, Струга и Дебрца, нуркачките клубови Амфора и Акватек, волонтерите од Пивара Скопје и Мен анд Маунтаин.
Во акцијата за најава на платформата беа исчистени над 100.000 метри квадратни површина од отпад од дното и крајбрежјето на Охридското Езеро.
За наредната година планирани се уште неколку акции за чистење, како и активности за пошироко вклучување на заедницата, за јакнење на свесноста и заштита на националната гордост Охридското Езеро. Во годините кои следат СКОПСКО ќе опфати и други национални обележја во нашата земја.