ИКО БРДАРОСКИ: 26 000 луѓе активно ги користат Пакомак вендинг машините

25.4.2024

Heading

Истражувањата велат дека околу 70% од отпадот создаден во домаќинството може да се рециклира, што значи дека голем дел од она што завршува во кантата за ѓубре може да биде „спасено“ и реупотребено.

Истражувањата велат дека околу 70% од отпадот создаден во домаќинството може да се рециклира, што значи дека голем дел од она што завршува во кантата за ѓубре може да биде „спасено“ и реупотребено.

А материјалите кои можат да се рециклираат се хартијата и картонот, но и разните пластични и стаклени амбалажи, шишиња, чаши, па дури и батерии и електронски уреди. Секој од овие типови на отпад треба да биде посебно селектиран и одложен на вистинското место и на соодветен начин. Според Ико Брдароски, кој што е дел од менаџментот на Пакомак компанијата лидер во управување со отпадот, и најмалата промена ако е конзистентна дава големи резултати. Во интервју за MIA Брдароски зборува за иницијативите кои треба да придонесат за поздрава иднина за сите.

Дали Македонците лесно ги менуваат своите навики?

Стекнатите лоши навики потешко се менуваат, но ништо не е невозможно. Потребна е континуирана едукација, многу зборување и дела, многу позитивни примери со цел малку да сепоместат границите.  

Кои се навиките кои треба да ги смениме за да почувствуваме вистинска промена?

Прво селективно да се одложува амбалажниот отпад. Да селектираме и дома и на работа. За таа цел Пакомак постави контејнери за отпад во различни бои за полесно да се распознаваат. Игло-контејнерите во зелена боја се наменети за стаклен отпад и на горната страна имаат мал кружен отвор во кој треба да влезат теглите и шишињата кои се фрлаат во нив. Големите, жолти контејнери се за пластика и лименки и нивниот отвор е нешто поголем и се наоѓа странично, додека сините контејнери служат за одложување хартија во нив. Секој од овие контејнери го има знакот на Пакомак, така што лесно се препознаваат на тротоарите и покрај улиците во урбаните подрачја.

Кои се последиците од неодговорното одложување на отпадот?

Отпадоците кои не ги селектираме и немарно ги фрламе наоколу се носат во депониите. Депониите се прв извор на бактерии и заразни болести. Згора на се, шират непријатни мириси и привлекуваат инсекти, птици, глувци, кучиња и мачки – скитници кои потоа ги шират заразните болести. Отпадот скапува, бактериите и штетните организми се размножуваат неверојатно брзо, се создаваат отрови кои навлегуваат длабоко во земјата и кои со протокот на подземните води и водата од дождовите ги загадуваат и земјоделските површини кои се во близина, па и пошироко. Така што со секое неселективно фрлање на отпад, влијаеме на загадувањето и придонесуваме отровните води да дојдат во допир со зеленчукот и овошјето што го јадеме и со водата што ја пиеме, што претставува причина за многу болести. Исто така голем дел од депониите сами од себе се запалуваат и дополнително го загадуваат воздухот што сите ние го дишеме. Депониите се сериозна опасност за заедницата.

Како станавте дел од иницијативатана СКОПСКО – Наша гордост, наша одговорност?

Платформата за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.” има цел да ја заштити животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување. Оваа платформа е во согласност со вредностите и постојаните активности на Пакомак за градење на свеста на поединците дека секоj отпад всушност има употребна вредност и за градење на добри навики со што се придонесува за чиста животна средина, за зајакнување на економијата и најважно за заштита на сопственото здравје.

Како дел од оваа платформа, СКОПСКО постави пловни препреки чие чистење е обврска на Пакомак. Каков очекувате да биде нивниот импакт врз Охридското езеро?

Како дел од кампањата „Заедно за чисто Охридско езеро“, Скопско и Пакомак постават пловни препреки на реките Сатеска и Даљан, освен тоа се организираа акции за чистење на крајбрежјето и дното на езерото, како и различни активности кои се фокусирани на подигнување на свесноста за проблемот и едуцирање на општата јавност за решенијата. Очекуваме сите активности да придонесат за значително да се намали загадувањето на Охридското езеро.

СКОПСКО се обидува да ја врати старата навика кај нашите луѓе, кои порано постојано имаа гајба со стаклена амбалажа во својот дом. Кои се предностите на стаклената амбалажа?

Стаклото 100% се рециклира и може постојано да се употребува при што значително се намалува отпадот и се заштедува на суровини. Стаклото од пивски шишиња може веднаш да се врати во производниот процес и да се ограничи влијанието врз животната средина. Стаклото има одлична бариера против кислородот и сончевата светлина што помагада се зачува вкусот и свежината подолго време. Со охрабрување на луѓето да користат стаклени шишиња придонесуваме за циркуларна економија, создаваме работни места во операциите за рециклирање и го намалуваме еколошкиот отпечаток на пакувањето. Во Пакомак долги години сме посветени да го направиме рециклирањето подостапно и поефикасно при што корист ќе имаат и бизнисите и потрошувачите и планетата.

Кои позитивни искуства од другите земји кои може да ги примениме тука?

Една од најпродуктивните пракси која ја воспоставија земјите од Европа особено Скандинавските земји се повратните вендинг машини за одложување на отпад, кои се лесни за користење и поставени на добро видливи, лесно достапни локации, за секој да може да ги користи. Пакомак со поддршка од Швајцарската амбасада постави повратни вендинг машини во повеќе градови, активно се користат и обезбедуваат значајни придобивки за корисниците благодарение на системот за наградување преку „зелени поени“ собрани со одложување на отпад во машините. Нашата иницијатива има директен ефект на одговорноста на граѓаните, но и за промената на нивната свест, така што досегашниот заклучок е дека не само што повратните вендинг машини се добро прифатени, туку и претставуваат позитивна промена за целата заедница.

Колку  луѓето ги користат вендинг машините за Пакомак?

Онаму каде имаме поставено повратни вендинг машини, тие се користат секојдневно и редовно. Досега имаме над 26.000 корисници на машините и нивниот број секојдневно расте. Вкупно имаме поставено 56 машини во 11 градови низ целата земја, а планот ни е во следниве години да имаме 300-400 машини низ целата држава. Во 2023 година собравме околу 5.500.000 пластични шишиња и лименки што се сериозни бројки кој што претставуваат одличен почеток за проектот со повратните вендинг машини.

Heading 1

Heading 2

Heading 3

Heading 4

Heading 5
Heading 6

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in voluptate velit esse cillum dolore eu fugiat nulla pariatur.

Block quote

Ordered list

  1. Item 1
  2. Item 2
  3. Item 3

Unordered list

  • Item A
  • Item B
  • Item C

Text link

Bold text

Emphasis

Superscript

Subscript

Безвременската убавина на Пелистер

20.6.2024

Во бујните прегратките на Баба Планина лежи природно чудо кое пулсира со живот, историја и кристално чисти води – Пелистерски Очи

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Heading 1

Heading 2

Heading 3

Heading 4

Heading 5
Heading 6

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in voluptate velit esse cillum dolore eu fugiat nulla pariatur.

Block quote

Ordered list

  1. Item 1
  2. Item 2
  3. Item 3

Unordered list

  • Item A
  • Item B
  • Item C

Text link

Bold text

Emphasis

Superscript

Subscript

Александар Михајловски во улога на еко-активист

13.6.2024

Облечен во нуркачко одело, заедно со нуркачите од пливачкиот клуб Амфора правеше „скаутинг“ на локациите кои беа дел од големата чистачка акција на СКОПСКО како дел од платформата ‘Наша Гордост. Наша одговорност,’ а потоа рамо до рамо со волонтерите, ја чистеше убавата плажа Дебрца.

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Heading 1

Heading 2

Heading 3

Heading 4

Heading 5
Heading 6

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in voluptate velit esse cillum dolore eu fugiat nulla pariatur.

Block quote

Ordered list

  1. Item 1
  2. Item 2
  3. Item 3

Unordered list

  • Item A
  • Item B
  • Item C

Text link

Bold text

Emphasis

Superscript

Subscript

Градиште, Сараиште, Калишта

29.5.2024

Mеста каде минатото и иднината се испреплетуваат

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
СО КЛИКАЊЕ НА КОПЧЕТО “Прифати ги сите колачиња”, СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ на КОЛАЧИЊА И ПОЛИТИКАТА нА приватност.