Интервју со Душица Илиќ – Боева
3.10.2024
Heading
Поддршката на СКОПСКО е важна за создавање на одржливи решенија и за инспирирање на идните генерации за грижа кон сопственото природно наследство
Поддршката на СКОПСКО е важна за создавање на одржливи решенија и за инспирирање на идните генерации за грижа кон сопственото природно наследство
Во пресрет на втората голема акција за чистење, во рамките на платформата „Наша Гордост. Наша Одговорност.“, СКОПСКО повторно ја потврдува својата посветеност на одржливоста и заштитата на животната средина. Оваа акција е дел од иницијативите на СКОПСКО за подигање на свеста за важноста на зачувувањето на природните ресурси, овој пат фокусот е на Охридското Езеро, едно од најголемите природни богатства на Македонија.
Од 1-ви до 4-ти октомври започнува втората нуркачка акција во соработка со Амфора, каде ќе се вадат заостанати рибарски мрежи, познати како „мрежи духови“, од четири локации во Охридското Езеро. Акцијата ќе заврши со презентација на резултатите на 5-ти октомври во Хидробиолошкиот завод во Охрид.
Во рамките на оваа мисија, разговаравме со Душица Илиќ-Боева од Хидробиолошкиот институт – вистинските херои кога станува збор за зачувување на Охридското Езеро. Нивната работа е како чувари на еден од најстарите природни бисери во светот, а ова интервју е можност сите да дознаеме зошто е толку важно да го одржуваме езерото чисто и што всушност значи загадувањето за неговиот кревок екосистем.
1. Можете ли да ни го објасните моменталниот статус на екосистемот на Охридското Езеро и како загадувањето, особено отпадот, влијае врз него?
Потенцирајќи дека Охридското Езеро е едно од најстарите езера на светот, жариште на биодиверзитет, рефугиум на реликтни и новосоздадени видови со висок ендемизам и најголем резервоар на питка вода во Европа, секое и најмало загадување е проблем, не само за живиот свет во Езерото, туку и за хуманата популација, како непосредно во неговата близина, така и многу пошироко, поседувајќи го најскапоцениот ресурс на денешнината и иднината – питката вода, која е недозволиво да биде загрозена.
Но, без оглед на важноста на Охридското Езеро, тоа се наоѓа под значителен притисок од загадувањето, кое во најголема мера потекнува од притоките (во форма на цврст отпад и органско загадување), урбаните нетретирани отпадни води, но и од неадекватното управување со отпадот, депониите, огромниот број пловни објекти и масовниот туризам.
Секој отпад, не само што го нарушува естетскиот изглед на Езерото е и директна закана за водните организми. Земајќи ја за пример пластиката, која со деградација до микропластика може да биде проголтана, инкорпорирана и акумулирана во телата, ткивата на многу организми, со секоја следна алка на синџирот на исхрана се зголемува акумулираната количина и може да доведе до токсични ефекти. Воедно, отпадот ги изменува и нарушува живеалиштата (хабитатите), а со тоа се нарушува деликатната рамнотежа на екосистемот.
Дополнително, цврстиот отпад може да внесе други штетни органски и неоргански материи во водата, кои можат да поттикнат раст на одредени инвазивни видови, кои се дополнителна закана за ендемските видови што живеат во ова уникатно опкружување.
2. Од научна перспектива, кои се долгорочните последици доколку не се спроведуваат редовни акции за чистење како оваа?
Доколку не се спроведуваат редовни акции за чистење, а воедно не се подигне јавната свест за овој голем проблем, Охридското Езеро ќе се соочи со сериозни долгорочни последици. Акумулацијата на цврст отпад може да доведе до значително намалување на биодиверзитетот. Многу ендемски видови, кои се адаптирале на специфичните услови во Езерото, ќе бидат особено загрозени со изменување на истите. Губењето на специфични живеалишта, како природните рибни плодишта или губење на ограничени микрохабитати за одредени видови, можат да доведат до драстично намалување на одредени популации. Воедно, намалувањето на квалитетот на водата поради загадување ќе влијае на здравјето на локалните жители кои зависат од езерото за вода за пиење, риболов, туризам, а како резултат, тоа може да создаде социјални и економски проблеми во заедницата.
Во целост, ефективни стратегии за управување со отпадот и ангажман на заедницата во напорите за заштита, се од клучно значење за обновување и одржување на екосистемот на Охридското Езеро. Решавањето на овие предизвици на загадување е од суштинско значење не само за биодиверзитетот, туку и за животите на локалните заедници кои зависат од ресурсите на Езерото.
3. Која е улогата на Хидробиолошкиот Институт во мониторингот на состојбата на Охридското Езеро, и како вашите наоди придонесуваат за напорите за зачувување на езерото?
Веќе речиси 90 години, Хидробиолошкиот Институт игра клучна улога во мониторингот на состојбата на Охридското Езеро. Иако, сеуште не постои континуиран национален мониторинг на Охридското Езеро, нашите истражувања преку достапните проекти, се насочени кон следење на квалитетот на водата, биодиверзитетот и промените во екосистемот, што е од суштинско значење за разбирање на влијанијата на загадувањето и други антропогени влијанија, како и климатските промени, а резултатите како досега, така и во иднина се база за изготвување на релевантни законски прописи и документи.
Со идентификување на проблемите и трендовите во екосистемот, овозможуваме одговорните институции да носат информирани одлуки за управување и заштита на Езерото.
4. Кои типови на отпад најчесто се наоѓаат во езерото, и какво е нивното влијание врз автохтоните видови и квалитетот на водата?
На устијата на реките, притоки на Езерото кои пред вливањето минуваат низ повеќе населени места, најчесто се наоѓаат различни типови на отпад, вклучувајќи пластика, метал, стакло и органски отпад. Пластичните предмети, шишиња, вреќи и најлонски кеси се најбројни, но на повеќе локалитети во езерото имало и има градежен отпад и отфрлени апарати за домаќинство, кои за среќа со акциите за чистење се намалени по обем, но, има и напуштени, заборавени или на друг начин оставени мрежи и друг рибарски алат присутни во огромен број.
Влијанието на овие отпадоци врз автохтоните видови е значајно и може да предизвика намалување на популациите на ендемски видови, кои се веќе под притисок. Многу водни организми, вклучувајќи ги и рибите, а ги споменувам бидејќи тие се оние кои човекот директно ги користи во исхрана, го враќаат загадувањето кај причинителот – фрлената пластика може да се врати во исхраната на човекот како инкорпорирана микропластика во рибното месо.
Отпадот, особено органскиот, може да влијае на квалитетот на водата. Кога се распаѓа, органскиот отпад ослободува хранливи материи, тоа може да поттикне раст на алги и други инвазивни видови што доведува до нарушување на рамнотежата во екосистемот, компетиција за расположливите ресурси и загрозување на автохтоните видови.
Поврзано со квалитетот на водата, но и со споменатите напуштени рибарски мрежи во Езерото, во 2017 година на локалитетот Метропол, на самата пумпа од системот за водоснабдување на градот Охрид со вода за пиење, беа отстранети повеќе од 200 мрежи со различни димензии на окца од 12 до 140 mm од јазол до јазол, некои дури и кончени од пред неколку децении, кои беа заплеткани едни со други како ѕид од повеќе метри во широчина и висина, а во кои имаше голем број на единки угината риби, но и птици и ракови.
5. Што се тоа „мрежи духови“ и кое е нивното влијание врз живиот свет во Езерото, какви проблеми може да предизвикаат истите доколку не се отстранат навреме?
„Мрежи духови“ се напуштените, изгубени и на друг начин оставени рибарски мрежи и друг рибарски алат, кои продолжуваат да ловат риби и други водни организми дури и откако не се веќе во употреба како активен рибарски алат. Овие мрежи, можат, носени од водните струи и натаму да ловат, како целни, така и не целни видови риби, но и се она што ќе наиде при нивното движење, меѓу другото и птици, ракови, цврст отпад и други мрежи, кои се заплеткуваат меѓусебно. Дел од овие мрежи се закачуваат и обвиткуваат околу подводните карпи, а штетата од нив е огромна, бидејќи крајбрежните места со каменест супстрат се воедно и природни рибни плодишта на охридската пастрмка. Од причина што пастрмките ги одбегнуваат оние места на кои има трулеж од угинатите животни заробени во овие мрежи, пастрмката ги напушта и не ги користи овие локалитети понатаму во периодот на размножување, а со тоа се намалува капацитетот на расположиви локалитети за мрестење.
Влијанието на „мрежите духови“ врз живиот свет е значително. Тие не само што директно ловат риби и други организми, туку деградираат и живеалишта, што може да доведе до намалување на некои популаци, меѓу кои и на ендемските видови.
Ако „мрежите духови“ не се отстрануваат континуирано, последиците можат да бидат сериозни затоа што доаѓа до реакумулација на истите локалитети. Како што продолжуваат да функционираат, тие можат да предизвикаат долгорочно значителни загуби на рибните ресурси, што влијае не само на биодиверзитетот, туку и на економијата на локалните заедници кои зависат од риболовот. Исто така, овие мрежи предизвикуваат загадување и влошување на квалитетот на водата.
Затоа, импертив е континуирано да се спроведуваат акции за идентификација и отстранување на „мрежите духови“. Едукацијата на рибарите и заедницата за последиците од овие мрежи, како и поддршката на иницијативите за чистење, се клучни за заштита на Охридското Езеро, а неопходен е билатерален ангажман затоа што овој проблем постои од двете страни на границата. Ова е трета кампања од македонска страна по изведените во 2017 и 2023 година, со цел зачувување на животната средина и биодиверзитетот, враќање на подводната животна заедница на исчистените места и овозможување на охридската пастрмка да се врати на природните рибни плодишта.
6. Колку е важна јавната вклученост во акциите за чистење, и што повеќе може да се направи за да се подигне свеста меѓу локалните заедници и туристите?
Јавната вклученост во акциите за чистење е од исклучителна важност за успешноста на напорите за заштита на Охридското Езеро. Кога локалните заедници и туристите активно учествуваат во вакви иницијативи, се создава чувство на припадност и одговорност кон природната средина. Ова не само што помага во непосредното подобрување на состојбата на езерото, туку и поттикнува подолгорочна свест и грижа за заштита на екосистемот.
За да се подигне свеста, неопходно е да се спроведуваат информативни и едукативни програми и кампањи кои ќе информираат за важноста на чистењето и за влијанието на отпадот врз животната средина. Овие програми можат да се реализираат во училиштата, преку социјалните медиуми и во соработка со локални организации.
Исто така, важна е и улогата на медиумите и влијателните личности во заедницата. Тие можат да помогнат во промоцијата на акциите за чистење и да ги инспирираат другите да се вклучат. Учесниците на акциите за чистење можат да споделат свои искуства на социјалните мрежи, што дополнително ќе ја зголеми видливоста на иницијативите и остварените резултати.
На крај, создавање на пријатни и инклузивни настани што веќе е пракса на Пивара Скопје, може да ја поттикне поголемата вклученост. На пример, организирање на настани со музика, работилници кои истовремено ќе се фокусираат на чистење и подигнување на еколошката свест, може да привлечат поголем број учесници.
Во целост, ангажманот на јавноста е клучен за долгорочната одржливост на Охридското Езеро, и сите овие напори можат да доведат до позитивни промени и подобрување на квалитетот на животот во локалните заедници.
7. СКОПСКО со својата платформа „Наша Гордост. Наша одговорност,“ е значаен партнер во поддршката на акциите за чистење на Охридското Езеро. Како ја гледате улогата на компании како Пивара Скопје во долгорочната еколошка одржливост и подигање на свеста?
Општествено ангажираните компании и брендови како СКОПСКО играат клучна улога во долгорочната еколошка одржливост и подигањето на свеста во заедниците. „Наша Гордост. Наша одговорност“ е одличен пример за ангажирање на бизнисите во заштитата на природната средина. Преку поддршка на акциите за чистење на Охридското Езеро, тие не само што помагаат во физичкото подобрување на состојбата на езерото, туку и создаваат култура на одговорност и грижа за природата.
Таквите иницијативи исто така помагаат во подигнување на свеста кај јавноста за важноста на заштитата на водните ресурси и биодиверзитетот. Кога компании инвестираат во еколошки проекти и акција, тие испраќаат силна порака до своите вработени и клиентите дека грижата за животната средина е важна. Ова може да доведе до променета на свеста и однесувањето во заедницата, што е клучно за постигнување долгорочни резултати.
Во целост, соработката помеѓу бизнисите, релевантните институции и научната заедница е од суштинско значење за успешна заштита на Охридското Езеро. Поддршката на СКОПСКО е важна за создавање на одржливи решенија и за инспирирање на идните генерации за грижа кон сопственото природно наследство.
НЕМА
ПРЕТХОДНА
НЕМА
СЛЕДНА
Heading 1
Heading 2
Heading 3
Heading 4
Heading 5
Heading 6
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in voluptate velit esse cillum dolore eu fugiat nulla pariatur.
Block quote
Ordered list
- Item 1
- Item 2
- Item 3
Unordered list
- Item A
- Item B
- Item C
Bold text
Emphasis
Superscript
Subscript
Интервју со Душица Илиќ – Боева
3.10.2024
Поддршката на СКОПСКО е важна за создавање на одржливи решенија и за инспирирање на идните генерации за грижа кон сопственото природно наследство
Heading 1
Heading 2
Heading 3
Heading 4
Heading 5
Heading 6
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in voluptate velit esse cillum dolore eu fugiat nulla pariatur.
Block quote
Ordered list
- Item 1
- Item 2
- Item 3
Unordered list
- Item A
- Item B
- Item C
Bold text
Emphasis
Superscript
Subscript
Безвременската убавина на Пелистер
20.6.2024
Во бујните прегратките на Баба Планина лежи природно чудо кое пулсира со живот, историја и кристално чисти води – Пелистерски Очи
Heading 1
Heading 2
Heading 3
Heading 4
Heading 5
Heading 6
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat. Duis aute irure dolor in reprehenderit in voluptate velit esse cillum dolore eu fugiat nulla pariatur.
Block quote
Ordered list
- Item 1
- Item 2
- Item 3
Unordered list
- Item A
- Item B
- Item C
Bold text
Emphasis
Superscript
Subscript