НАША ГОРДОСТ.
НАША ОДГОВОРНОСТ.

Дали си полнолетно лице ?

Месец
Година
НЕВАЛИДНА ДАТА НА РАЃАЊЕ, ВНЕСИ ВАЛИДНА ДАТА НА РАЃАЊЕ

За да ја отворите содржихата треба да имате најмалку 18 години.

Страната содржи информации за алкохолни производи кои се наменети за полнолетни лица.
За да продолжите понатаму внесете ги потребните податоци.

НАША гордост.
наша одговорност.

НАША гордост.
наша одговорност.

НАША гордост.
наша одговорност.

Факти што ќе те замислат

Секој од нас, секој ден, создава отпад околу,
2кг

што значи дека

Тежината на отпадот на 25.000 луѓе дневно е еднаква на бродот Александрија, кој тежи

50т

Едно петчлено семејство, за една година ќе создаде отпад еднаков на тежината на споменикот на Св. Кирил и Методија, или

3.5 тони!

Сите ние заедно, за еден ден фрламе доволно отпад за да се наполнат

380

камиони за собирање отпад,

кои поставени еден пред друг, ќе пополнат

3,8 км

од охридското крајбрежје.

МАТЕРИЈАЛИ - ПОТРЕБНО ВРЕМЕ ЗА РАСПАЃАЊЕ

ЗЕЛЕНЧУК

ОД 5 ДЕНА ДО 1 МЕСЕЦ

КОЖНИ ЧЕВЛИ

ОД 25 ДО 40

ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

100 ГОДИНИ

ПЕЛЕНИ

НАД 500 ГОДИНИ

ПЛАСТИЧНО КАПАЧЕ

ОД 10 ДО 500 ГОДИНИ

КАРТОН

2 МЕСЕЦИ

БАТЕРИИ

НАД 100 ГОДИНИ

ИВЕРКА

ОД 1 ДО 3 ГОДИНИ

ОТПУШОК ОД ЦИГАРИ

ОД 2 ДО 10 ГОДИНИ

ХАРТИЕНИ МАРАМИЦИ

ОД 2 ДО 4 НЕДЕЛИ

ВЛОШКИ И ТАМПОНИ

НАД 25 ГОДИНИ

СИНТЕТИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ

НАД 100 ГОДИНИ

АВТОМОБИЛСКИ ГУМИ

2000 ГОДИНИ

ПЛАСТИЧНА ЦЕВКА

200 ГОДИНИ

БОЦА ОД ДЕЗОДОРАНС

ОД 200 ДО 500 ГОДИНИ

ХАРТИЈА

ОД 2 ДО 6 НЕДЕЛИ

ВОЛНЕНИ ЧОРАПИ

ОД 1 ДО 5 ГОДИНИ

ПЛАСТИЧНА ЌЕСА

ОД 500 ДО 1000 ГОДИНИ

СТАКЛО

ПОВЕЌЕ ОД 1 000 000 ГОДИНИ

ПАМУЧНА МАИЦА

½ ГОДИНА

ЛИМЕНКА

ОД 80 ДО 100 ГОДИНИ

КОНЗЕРВА

50 ГОДИНИ

ПЛАСТИЧНО ШИШЕ

ОД 450 ДО 500 ГОДИНИ

НАША ПЛАТФОРМА

Ја создадовме оваа платформа за да алармираме на проблемот со неодговорното одложување на отпадот во прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да им оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и заедно да поттикнеме акција за тие да блеснат во сиот свој сјај.

пред

потоа

пред

потоа

НАША
мисија

ГРИЖА, ЕДУКАЦИЈА, АКЦИЈА!
Нашата крајна цел се природни убавини ослободени од отпад, едуцирана јавност која знае како да ги заштити и да се грижи за нив и заедничка акција за сето тоа да се оствари.
Затоа што, НАШАТА ГОРДОСТ Е НАША ОДГОВОРНОСТ.

ОХРИДСКо езеро

Едно од најстарите, ако не и најстарото природно езеро во светот, Охридското, е најзначајниот и најпознатиот природен бисер што ни го подарила природата. Но, зад преубавите пејзажи и вонземската убавина се кријат многу валкани тајни, производ на нашата неодговорност. Како цврстиот отпад кој се одлага директно во езерото од неодговорни граѓани или доаѓа преку притоките кои се влеваат во него, па сѐ до нетретираните отпадни води со иста крајна дестинација.

Сѐ ова е наше дело!

КАКО ДО ПРомЕНА?

Со мали промени во нашето однесување и дејствување, може да направиме голема разлика!
ИНФОРМИРАЈ СЕ, ЕДУЦИРАЈ СЕ И ДЕЈСТВУВАЈ!

откриј повеќе

НАШИ АКtивности

Ова се нашите дела, создадени заедно со Вас!

Во 2024 година, CSR платформата на СКОПСКО, „Наша Гордост. Наша Одговорност.“ се покажа како вистински пример за силата на заедничката акција во заштитата на природните богатства на Македонија. Низ целата година, СКОПСКО организираше значајни еколошки иницијативи кои ги обединија граѓаните, ја зголемија свеста и донесоа конкретни резултати во борбата за почиста и одржлива иднина. Од големи акции за чистење до иновативни програми за селектирање и рециклирање, овие иницијативи допреа до сите, мобилизирајќи ги и инспирирајќи ги граѓаните да преземат одговорност за животната средина.

Реализирани две големи акции за чистење на Охридското езеро и неговото крајбрежје

Во јуни, СКОПСКО ја организираше првата акција за чистење на брегот и дното на Охридското Езеро. Во акцијата учествуваа над 170 волонтери и нуркачи кои успешно собраа над 120 кубни метри цврст отпад, придонесувајќи кон почиста средина.

Во октомври се одржа втората голема акција за чистење, фокусирана на отстранување на „мрежите духови“ – напуштени рибарски мрежи од дното на Охридското Езеро. Со помош на нуркачкиот клуб Амфора, беа отстранети над 3.800 метри мрежи кои претставуваа закана за екосистемот на езерото. Оваа акција беше значаен чекор за заштита на биодиверзитетот и уште една важна активност на платформата „Наша Гордост. Наша Одговорност“.

Зелени поени како поттик за селектирање

СКОПСКО воведе промотивна акција преку апликацијата Екомак – ПОЕН ЗА ТЕБЕ, ПОЕН ЗА ПРИРОДАТА!, каде граѓаните добиваа плус 4 зелени поени за секоја селектирана амбалажа. Програмата започна на новите вендинг машини кои за првпат беа поставени во Охрид и Струга

Во првиот бран од 1-15.08 и вториот бран од 26.08-30.09 беа собрани повеќе од 120.000 парчиња амбалажа. По иницијалниот старт на програмата, истата продолжи низ целата држава. Програмата ја поттикна јавноста активно да се вклучи во зачувувањето на животната средина.

Инфлуенсерите како дел од акциите

СКОПСКО ја искористи моќта на социјалните медиуми за да ја пренесе пораката за одржливост до пошироката јавност. Во текот на кампањата се соработуваше со локални инфлуенсери, кои ги користеа своите платформи за ширење на свеста за важноста на рециклирањето и одговорноста кон животната средина. Инфлуенсерите објавуваа едукативни содржини и видеа за стаклената амбалажа, намалување на отпадот и учество во акциите за чистење, што помогна да се привлече поширока публика, што особено се потврди како успешно кај младата публика.

Она што остана како незаборавен момент од инфлуенсерската кампања беше виралното видео на стендап комичарот Никола, во кое во улога на сомелиер го оценуваше квалитетот на Охридското езеро. Овие соработки ги охрабрија и поттикнаа директно учество на граѓаните, што придонесе за вкупниот успех на иницијативите.

Погледни го видеото

Едукацијата како дел од платформата

Покрај организирање на свои акции, СКОПСКО исто така обезбеди поддршка за локални организации и поединци, со цел да се прошири опфатот на кампањата низ целата земја.

Платформата „Наша Гордост. Наша Одговорност.“ оваа година исто така вклучи едукативни текстови за природните и културни обележја на Македонија, со цел да се подигне јавната свест за зачувување на наследството. Организирани беа и неколку едукативни сесии за управување со отпад и рециклирање.

„Резултатите од оваа година покажуваат дека можеме да направиме вистинска разлика кога работиме заедно“, изјави Марта Завкова, сениор бренд менаџер на СКОПСКО. „Посветени сме на продолжување на оваа иницијатива и обединување на граѓаните и организациите во стремежот за одржлива и зелена иднина.“

„Наша гордост. Наша одговорност“ 2024

17.10.2024

Активности

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Култниот пивски бренд на Пивара Скопје – СКОПСКО успешно ја заврши големата еко-акција за чистење на Охридското Езеро, која се одржа на 1-ви јуни 2024 година. Оваа акција, во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ мобилизираше голем број волонтери  кои заедно со нуркачкиот клуб Амфора го чистеа Охридското езеро и неговото крајбрежје.

„Со гордост објавуваме дека преку оваа акција успеавме да исчистиме неверојатни 120 метри кубни отпад - цврст и пакувачки отпад, метални конструкции и автомобилски гуми на 6 различни локации, а во акцијатa беа вклучени вкупно 170 нуркачи и волонтери.  Нашата долгорочна цел е да ја подигнеме свеста за важноста на зачувување на нашата природна средина. Ова е само дел од нашите постојани напори да ги заштитиме и сочуваме природните богатства, симболите на нашата гордост и културно наследство. Оваа кампања ја нагласува долгорочната заложба на СКОПСКО за одржливост, повикувајќи ги сите да придонесат за почиста, позелена иднина,“ вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.

Членовите на нуркачкиот клуб Амфора инспирираа многумина да се приклучат во акцијата и ја подигнаа свеста за важноста на  поддршката на ваквите иницијативи, како локално, така и во земјите од регионот. Оваа година, како дел од акцијата се вклучија 70 нуркачи од кои 20 беа нуркачи од регионот.

„Во текот на акцијата нуркачите од нашиот клуб успеаја да извадат голема количина отпад од подводниот дел на езерото, Благодарност до СКОПСКО и сите волонтери кои ја поддржаа и учествуваа во оваа акција. Сите заедно, со мали но значајни чекори, можеме да го зачуваме нашето природно наследство и да обезбедиме чиста и здрава животна средина за идните генерации,“ изјава Јован Секулоски од Амфора.

Како потсетување, минатата година во рамки на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ беа реализирани акции за чистење на дното на Охридското Езеро и крајбрежјето, како и поставување на пловни препреки на реките Сатеска и Даљан, за да се спречи загадувањето на езерото со пловен отпад.

Овој проект целосно ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад до 2030 година“, како и намалување на нето јаглеродните емисии на компанијата до 2040 година.

Како компанија ориентирана  кон иднината, Пивара Скопје преку СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ ќе опфати и други национални обележја во земјата и ќе ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој.

СКОПСКО ја продолжува мисијата ‘Наша гордост. Наша одговорност.’

3.6.2024

Активности

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

СКОПСКО ве повикува да се приклучите на големата еко-акција за чистење на Охридското Езеро, нашето непроценливо природно богатство кое заслужува целосна заштита и грижа. Оваа акција ќе се одржи на 1-ви јуни на плажата Дебрца (стар пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска), и претставува одлична можност за сите граѓани, семејства и пријатели да се здружат во заедничката мисија за почиста животна средина.

Охридското Езеро, со својата извонредна природна убавина и значење, е симбол на нашата гордост и културно наследство. Заедно, можеме да придонесеме за неговото зачувување и да оставиме траен белег на нашите напори за одржлива иднина. Оваа иницијатива е дел од во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ со која сакаме да го подигнеме нивото на свест за важноста на зачувување на нашите природни обележја кои не само што се наша гордост, туку се и наша одговорност!

Детали за настанот:

Датум: 1-ви јуни 2024 година

Локација: Плажата Дебрца (стар пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска)

Време на почеток: 10:00 часот

Сите заинтересирани за учество можат да се пријават со пополнување на формуларот на www.skopsko.mk/form.

СКОПСКО обезбедува:

Превоз: Превоз за сите учесници од Скопје до Охрид и назад.

Освежување и храна: Во текот на целата акција, сите учесници ќе имаат на располагање освежување и оброци.

Опрема за чистење: Потребната опрема за чистење, како што се ракавици, вреќи за отпад и други материјали.

Преку оваа акција се инвестираат средствата што беа собрани во првата фаза од CSR кампањата (од секое продадено Скопско пиво во стаклена амбалажа издвојуваме по еден денар во акции за чистење на Охридското езеро).

Вашето присуство и поддршка се од клучно значење за успехот на оваа акција. Ова е можност да се обединиме и заедно да ја покажеме нашата одговорност кон природните обележја и идните генерации.

Придружете ни се!

СКОПСКО ВЕ ПОВИКУВА НА ГОЛЕМА ЕКО-АКЦИЈА ВО ОХРИД!

22.5.2024

Активности

... ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

НАСКОРО...

види ги сите

сакам да се вклучам

Скопско продолжува посветено да се грижи за нашите природни убавини. Доколку и вие сакате да се вклучите во иницијативата и да станете СКОПСКО волонтер, пополнете го формуларот во продолжение и ние навремено ќе ве известиме за нашите следни активности.

КОНТАКТИРАЈ НЀ

ПАРТНЕРИ

СО КЛИКАЊЕ НА КОПЧЕТО “Прифати ги сите колачиња”, СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ на КОЛАЧИЊА И ПОЛИТИКАТА нА приватност.