.jpg)
Македонија е во првите 10 најпланински земји во светот. Ова ги прави планините едно од најголемите природни богатства што ги имаме. Со своите бескрајни шуми, чист воздух и неверојатни пејзажи, тие нудат бегство од секојдневниот стрес и се дом на многубројни растителни и животински видови, кои не постојат никаде на друго место.
Но, зад оваа природна убавина се кријат многу проблеми создадени од нашата неодговорност.
Ако сакаме да уживаме во нивната убавина и да ги оставиме за идните генерации, време е да преземеме одговорност. Нашите планини заслужуваат заедно да се грижиме за нив.
Водно, планината што го краси Скопје, нуди совршено бегство од урбаниот живот. Поради близината, Водно е идеално место за рекреација и релаксација. Таа изобилува со многубројни спектакуларни места за набљудување и природни убавини. Планината е богата со разновидни животински и растителни видови и е особено важна за климата во градот давајќи чист воздух и зелени површини.
Затоа секој посетител треба да биде свесен за важноста на зачувување на ова природно богатство. За да се зачува Водно за идните генерации важно е да се почитуваат правилата за заштита на природата, да се собира отпадот и да се избегнува уништување на растителниот и животински свет. Локалните власти и еколошките организации континуирано работат на подобрување на инфраструктурата и на развивање на одржливиот туризам.
Грижата за Водно е одговорност на секој посетител. Само со заеднички напори можеме да ги зачуваме нашите природни богатства и убавини.
Шар Планина, со своите величествени врвови и беспрекорна природа, е една од најубавите планини во Македонија. Сместена на границата меѓу Македонија, Албанија и Косово, оваа планина не е само рај за планинарите, туку е и дом на многу ретки растителни и животински видови, некои од нив ендемски.
Шар Планина е позната по своите неверојатни предели – зелени ливади, чисти потоци и планински врвови што се издигаат повисоко од 2.000 метри надморска висина. Тука се наоѓа и Националниот парк „Шар Планина“, кој е прогласен за природен резерват и заштитена област.
Освен природните убавини, Шар Планина има и културна вредност. Местата околу неа се полни со традиционални македонски села, во кои се чуваат старите обичаи и традицијата на повеќе култури и народи.
Шар Планина е повеќе од само планина – тоа е природен споменик што треба да го чуваме и почитуваме.
НАШИТЕ ПЛАНИНИ
Македонија е во првите 10 најпланински земји во светот. Ова ги прави планините едно од најголемите природни богатства што ги имаме. Со своите бескрајни шуми, чист воздух и неверојатни пејзажи, тие нудат бегство од секојдневниот стрес и се дом на многубројни растителни и животински видови, кои не постојат никаде на друго место.
Но, зад оваа природна убавина се кријат многу проблеми создадени од нашата неодговорност.
Ако сакаме да уживаме во нивната убавина и да ги оставиме за идните генерации, време е да преземеме одговорност. Нашите планини заслужуваат заедно да се грижиме за нив.
Сѐ ова е наше дело!
НАШИ АКtивности
Ова се нашите дела, создадени заедно со Вас!
Македонија е доминантно планинска земја. Нашите високи врвови заземаат речиси 90 проценти од територијата и се нашето најголемо природно богатство.
Планините се наше прибежиште кога сакаме да побегнеме од градскиот метеж, да дишеме со полни гради и да уживаме во прекрасните глетки. Но, сè поретко успеваме да им возвратиме со грижа.
Токму затоа „Пивара Скопје“ и СКОПСКО преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“, ја продолжуваат мисијата за заштита на нашите природни убавини, овој пат со фокус на нашите планини.
Како дел од оваа платформа со гордост објавуваме дека потпишавме Меморандум за соработка со ЈП Национален парк „Шар Планина“ за заеднички активности, кои ќе придонесат за заштита и унапредување на ова непроценливо природно богатство.

Ќе спроведуваме акции за чистење, ќе ја подобриме инфраструктурата на рекреативните зони и заедно ќе работиме за зголемување на еколошката свест.
Дополнително, СКОПСКО изминативе месеци имаше кампања каде што со секое купено шише во стаклена амбалажа СКОПСКО или СКОПСКО SMOOTH со специјална етикета, се издвојуваше по 1 денар за поддршка на овие активности.
Ова не е само партнерство. Ова е повик. Повик да си ја преземеме одговорноста за тоа што е наше – за природата, за планините, за иднината.
Шар Планина е наша гордост. Да се погрижиме да остане и наша одговорност.

„Пивара Скопје“ потпиша меморандум за соработка со Националниот парк „Шар Планина“
17.4.2025
Активности
Планините ни даваат многу – чист воздух, мир, прекрасна глетка и незаборавни моменти. Но, тоа што е поважно од нивната убавина е како се однесуваме кон нив.
Во новиот рекламен спот на Скопско, приказната не ја раскажуваме ние – туку тие што вистински ги познаваат, сакаат и чуваат нашите планини. Сите видеа што го сочинуваат овој спот се снимени од планинари, љубители на природата и од луѓе што редовно ги истражуваат нашите врвови, патеки и долини. Тоа се тие што не само што ги живеат најубавите моменти во природа, туку и се грижат за неа.

Нивната љубов и посветеност се пример за сите нас. Ако сите ја почитувавме природата како што го прават тоа тие, нашите планини ќе беа уште поубави, почисти и подостапни за сите. Затоа, со овој спот наздравуваме за нив – за луѓето што на планина зад себе оставаат само отпечатоци од чевли, а не отпадоци.
За овој спот ја одбравме песната „Зборувај за Скопје“ – нумера што совршено ја надополнува приказната за убавините на нашата земја. Со новиот аранжман, таа додава уште поголема емоција и атмосфера на видеата, истовремено поттикнувајќи нè повеќе да зборуваме за нашите природни богатства.
Во песната се пеe за Водно и за Шара – планини што заслужуваат да се слават, зачуваат и почитуваат. Нивната убавина и значење со оваа мелодија стануваат уште повпечатливи.
Со кампањата „Наша гордост, Наша одговорност“ , потсетуваме дека природата е наша заедничка одговорност. Од секое продадено Скопско и Скопско Smooth издвојуваме по еден денар за нашите планини, за да им вратиме барем дел од тоа што ни даваат.
Време е сите да станеме дел од оваа приказна. Да ги сакаме, чуваме и негуваме нашите планини – како што прават вистинските љубители на природата. И, секако, повеќе да зборуваме за Шара, за Водно и за убавините на нашата земја!

НОВИОТ РЕКЛАМЕН СПОТ НА СКОПСКО – ПРИКАЗНА РАСКАЖАНА ОД ТИЕ ШТО НAЈМНОГУ ЗНААТ ЗА ПЛАНИНИТЕ
4.4.2025
Активности
Од Беласица до Шара и од Осоговските планини до Јабланица, Македонија е доминантно планинска земја. Нашите високи убавици заземаат речиси 90% од територијата на земјата и се наше вистинско богатство, наша вистинска гордост.
Низ целата наша историја планините ни давале прибежиште, нè хранеле, ни го чувале здравјето и ведриот дух. Така и денес, масовно ги посетуваме кога имаме потреба да се тргнеме од градскиот метеж, кога имаме потреба од чист планински воздух, кога нашите очи имаат потреба да се одморат во бескрајното зеленило на нашите гори.
Но, не им враќаме со иста мерка на планините. Сè повеќе се чини дека ја занемаруваме нашата одговорност кон нив. Станува вообичаено и редовна појава нашите планини да се местото каде најнеодговорно се одложува цврст отпад. Се создаваат цели депонии кои зборуваат за нашата негрижа и неодговорност кон генерациите кои доаѓаат по нас.
СКОПСКО, преку платформата на „Наша гордост, наша одговорност“, повикува да преземеме одговорност и покажува низ пример како се прави тоа.
СКОПСКО ја продолжува мисијата за заштита на природните богатства, овој пат насочена кон заштитата на Шар планина и Водно.
Оваа платформа е создадена да се алармира на проблемот со неодговорното одложување на отпадот во прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да им се оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и заедно да поттикнеме акција за тие да блеснат во сиот свој сјај
Преку оваа иницијатива, со секое купено шише во стаклена амбалажа Скопско и Скопско Смут со специјална етикета, се издвојува по 1 денар за активности насочени кон заштита на природата, организирање акции за чистење и подобрувањена инфраструктурата во планинските предели.
Планините се наша гордост, но и наша одговорност.

СКОПСКО ПРОДОЛЖУВА СО ПЛАТФОРМАТА „НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСТ.“
12.3.2025
Активности
НАСКОРО...
види ги ситеМАТЕРИЈАЛИ - ПОТРЕБНО ВРЕМЕ ЗА РАСПАЃАЊЕ
КАКО ДО ПРомЕНА?
Со мали промени во нашето однесување и дејствување, може да направиме голема разлика!
ИНФОРМИРАЈ СЕ, ЕДУЦИРАЈ СЕ И ДЕЈСТВУВАЈ!
сакам да се вклучам
Скопско продолжува посветено да се грижи за нашите природни убавини. Доколку и вие сакате да се вклучите во иницијативата и да станете СКОПСКО волонтер, пополнете го формуларот во продолжение и ние навремено ќе ве известиме за нашите следни активности.